Press "Enter" to skip to content

Билтен на МВР: уапсен битолчанец за издржување казна затвор и осомничен за кражба во црква

Денеска, 15 јуни 2023 година, во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола лишиле од слобода 31 годишно лице од Битола.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година и шест месеци за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од кривичниот законик.

Исто така, тој бил баран и поради сомнение дека на 14.06 2023 се обидел да изврши „тешка кражба“во црква на ул.„Довлеџик“ во Битола. 

Лицето ќе биде спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Прилеп за издржување на казната.

More from ВестиMore posts in Вести »