Press "Enter" to skip to content

Во Битола доделени првите 730 решенија за набавка на трактори, вкупно 500 милиони денари поддршка (фотогалерија)

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски заедно со директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски и раководителот на подрачното одделение на министерството во Битола, Методија Илиевски, денес во Битола започнаа со доделување на првите 730 решенија до земјоделците за финаниска поддршка при набавка на трактор. Вкупната вредност на поддршката изнесува 500 милиони денари, а финасиската поддршка е во форма на кофинасисрање од 50 до 75% од вредноста на тракторот.Овој повик предизвика и до сега рекордна заинтересираност, од кои 2.453 барања комплетно ги исполнуваат критериумите пропишани во јавниот повик. Модернизацијата на земјоделството значи држење на чекор со времето и технологијата. Министерството за земјоделство, шуарство и водостопанство пред себе си има поставено јасна цел, развој и модернизација на македонското земјоделство. Цел на која сите овие години посветено се работи, креирајќи конкретни мерки и политики за поддршка на земјоделците, кои даваат резултати.Министерот Љупчо Николовски во своето обраќање изрази голема благодарност до АФПЗРР, која ја имаше најобемната и тешка задача, да ги собере и во целот обработи сите пристигнати апликации.Нашата грижа за земјоделците и инвестирањето во одржливо и ефикасно домашно производство ја продолжуваме. Модернизацијата на македонското земјдоелство покрај овој повик за набавка на трактори ја реалзиираме и преку поддршката за набавка на силоси за зголемување на сточниот капацитет. Потоа поддршката во изградба на мандри за да можат сточарите во своите бачила да инвестираат во објекти за преработка на млекото од сопствено производство. Поддржуваме набавка и на опрема за прозиводство на тутун за да им го олесниме тој процес на тутунарите, набавка на специјализирани комбајни и сушари за ориз, или системи капка по капка,  истакна во своето обраќање министерот Николовски.Во услови на светска економска и прехранбена криза, предизвикана од војната во Украина, минатата година на 20 април беа распишани четири јавни повици за поддршка и модернизација на земјоделските стопанства, а токму еден од нив беше повикот за поддршка при набавка на трактори, давајќи предност на земјоделците одгледувачи на полјоделски и индустриски култури.Дополнително новата ИПАРД 3 програма нудиме конкретни мерки за поддршка и модернизација на македонското земјоделство, а македонските земјоделци имаат на распоалгање 200 милиони евра неповратни средства за модернизација на земјоделското производство.Од оваа година беше креирана и нова мерка за поддршка на бизнис план во земјоделството, каде преку отворен јавен повик земјоделецот има можност да добие поддршка до 10.000 евра за модернизација на своето прозиводство, одбирајќи сам преку подготвен бизнис план во што и кога ќе инвестира.

More from ВестиMore posts in Вести »