Press "Enter" to skip to content

Универзитетската библиотека распиша конкурс за за учество во проектот “Креирај – слемирај“

Националната установа Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ Битола распишува јавен повик до сите заинтересирани читатели за учество во проектот „Креирај – слемирај“. Во рамки на проектот, учесниците ќе имаат работилници.

Дел од темите кои ќе се обработуваат на слем-поезија се: иселувањето на младите, невработеноста кај младите, влијанието на политичкиот систем, семејството како вредност за младите, љубовта, социјалната исклученост, социјалните медиуми и сл.

Учесниците ќе имаат можност да учат за: значењето и употребата на слем поезија, да го развијат креативниот потенцијал, да работат на својот настап, активно да учествуваат на натпреварот, да учествуваат во Збирка поезија со своја оригинална песна

Заинтересираните учесници можат да се пријават на е-маил: nuub.bitola@gmail.com, со назнака „Креирај – слемирај“. Повикот ќе трае до 1 август 2023 година.Проектот е поддржан од Министерството за култура на Република Северна Македонија. Избраните учесници ќе учествуваат прво на работилниците, потоа ќе следи слем натпревар и најдобрите текстови ќе бидат објавени во книга.
More from ВестиMore posts in Вести »