Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, денес изврши увид на активностите со кои се финализира проектот за изградба на коловоз на улицата СРУ 5 во АРМ. Улицата се асфалтира во должина од 180 метри и вкупна вредност на инвестицијата од општинскиот буџет во вредност од 6.133.710,03 денари.Претходно, на оваа улица локалната самоуправа инвестираше во поставување на водоводна мрежа.
-Дел од проектите кои ова локална самоуправа ги изведува е оваа улица, односно денес се поставува коловоз на улицата “СРУ 5“ во АРМ која е во завршна фаза. Фактички станува збор за дооформување на дел од улиците во старата касарна. Проектите продолжуваат и го почитуваме времето на изградба и продолжуваме интензивно да се работи, а градот е градилиште и така ќе продолжи, без разлика дали на некои им се допаѓа или не, рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.
Ова е уште еден инфраструктурен проект, планиран и реализиран од Општина Битола во оваа градежна сезона, во која досега се завршени над 4.5 километри патна инфраструктура во урбаниот и руралниот дел од општината, а работите тековно, според програмата се одвиваат на над 15 други локации.

Асфалтирање на улица “СРУ 5“ во Старата касарна во Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Проф. д-р Владимир Мартиновски на мултимедијалната средба во Битола
- Изложба и публикација како резултат од креативни работилници со ученици и ментори во Битола
- На УКЛО Битола одржан настан во чест на талентираните (фото)
- ЈКП “Водовод“ Битола: поради дефект прекинато водоснабдувањето во Брусничка и Лавчанска населба
- Младата пијанистка Јована Арсоска од Битола со блескав успех во Албанија