Press "Enter" to skip to content

Пензионерски протест на “Магнолија“ во Битола, барања: над 18.000 минимална пензија и 8.000 линеарно покачување (фотогалерија)

Попладнево на плоштадот “Магнолија“ во Битола, се одржа протест кој го организира новиот иницијативен одбор кој е формиран пред неколку дена пред седиштето на Здруженито на пензионери од Битола каде се организира протест. Во новиот иницијативен одбор има 19 членови, а протестот го припремаа протестот.Претседателот, Дано Чолаковски, во име на иницијативниот одбор зборуваше на “Магнолија“ и рече:-На протестот во петокот присутните го изразија незадоволството од работењето на Здружението на пензионери и од висината на пензиите. Сите здруженија од Битола, Могила и Новаци бројат над 18.000 членови и сме најбројни. Зборувавме за повеќе проблеми, но сега ќе зборуваме само за зголемувањето на пензиите, односно за причините за вака мали пензии и усогласувањето на пензиите. Голем е бројот на пензионери кои имаат минимални или просечни пензии, а тоа изнесува од 70 до 80 проценти од вкупниот број на пензионери.-Затоа бараме најниска мининална  пензија да биде над 18.000 денари, линеарно да се зголема пензиите на сите за 8.000 денари и така зголемената пензија да биде основица на понатамошна исплата, рече за барањата на пензионерите Чолаковски.Од протестот беше испратена поддршка за централниот протеср во Скопје на 14 август, а потоа се одржа мирен протестен марш од “Магнолија“ до Офицерски дом со кој пензионерите го искажаа незадоволството.Новиот протест пензионерите го закажаа за вторник на 15 август.