Попладнево на плоштадот “Магнолија“ во Битола, се одржа протест кој го организира новиот иницијативен одбор кој е формиран пред неколку дена пред седиштето на Здруженито на пензионери од Битола каде се организира протест. Во новиот иницијативен одбор има 19 членови, а протестот го припремаа протестот.
Претседателот, Дано Чолаковски, во име на иницијативниот одбор зборуваше на “Магнолија“ и рече:
-На протестот во петокот присутните го изразија незадоволството од работењето на Здружението на пензионери и од висината на пензиите. Сите здруженија од Битола, Могила и Новаци бројат над 18.000 членови и сме најбројни. Зборувавме за повеќе проблеми, но сега ќе зборуваме само за зголемувањето на пензиите, односно за причините за вака мали пензии и усогласувањето на пензиите. Голем е бројот на пензионери кои имаат минимални или просечни пензии, а тоа изнесува од 70 до 80 проценти од вкупниот број на пензионери.
-Затоа бараме најниска мининална пензија да биде над 18.000 денари, линеарно да се зголема пензиите на сите за 8.000 денари и така зголемената пензија да биде основица на понатамошна исплата, рече за барањата на пензионерите Чолаковски.
Од протестот беше испратена поддршка за централниот протеср во Скопје на 14 август, а потоа се одржа мирен протестен марш од “Магнолија“ до Офицерски дом со кој пензионерите го искажаа незадоволството.
Новиот протест пензионерите го закажаа за вторник на 15 август.

Пензионерски протест на “Магнолија“ во Битола, барања: над 18.000 минимална пензија и 8.000 линеарно покачување (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Малешевиќ: со МЗТ е клучен натпревар оваа сезона, дојдете в сала, потребна е поддрша
- Во Битола облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Заврши првото издание на Винскиот фестивал во Битола, “Љубојна“ и “Паркети“ за одлична атмосфера (фотогалерија)
- Младите “пелистерци“ со два гола во завршницата во Битола го победија Куманово
- Утре “второ“ полуфинале во Битола, Стајиќ: сакаме реванш, па мајсторка нека одлучи…





