Попладнево на плоштадот “Магнолија“ во Битола, се одржа протест кој го организира новиот иницијативен одбор кој е формиран пред неколку дена пред седиштето на Здруженито на пензионери од Битола каде се организира протест. Во новиот иницијативен одбор има 19 членови, а протестот го припремаа протестот.Претседателот, Дано Чолаковски, во име на иницијативниот одбор зборуваше на “Магнолија“ и рече:
-На протестот во петокот присутните го изразија незадоволството од работењето на Здружението на пензионери и од висината на пензиите. Сите здруженија од Битола, Могила и Новаци бројат над 18.000 членови и сме најбројни. Зборувавме за повеќе проблеми, но сега ќе зборуваме само за зголемувањето на пензиите, односно за причините за вака мали пензии и усогласувањето на пензиите. Голем е бројот на пензионери кои имаат минимални или просечни пензии, а тоа изнесува од 70 до 80 проценти од вкупниот број на пензионери.
-Затоа бараме најниска мининална пензија да биде над 18.000 денари, линеарно да се зголема пензиите на сите за 8.000 денари и така зголемената пензија да биде основица на понатамошна исплата, рече за барањата на пензионерите Чолаковски.
Од протестот беше испратена поддршка за централниот протеср во Скопје на 14 август, а потоа се одржа мирен протестен марш од “Магнолија“ до Офицерски дом со кој пензионерите го искажаа незадоволството.
Новиот протест пензионерите го закажаа за вторник на 15 август.

Пензионерски протест на “Магнолија“ во Битола, барања: над 18.000 минимална пензија и 8.000 линеарно покачување (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- КК Пелистер по завршената сезона: лекцијата е научена, следната сезона ќе биде сезона на КК Пелистер, клубот е поставен на здрави темели
- Билтен на МВР: 72 годишник крадел засилувачи за интернет на А1, полицијата го уапси
- Првиот ракометен трофеј оваа сезона во Битола – го донесоа кадетите на Еурофарм Пелистер
- “Креативен ден 2025“ во Битола – претставување на учесниците од СУГС “Кочо Рацин“- Скопје
- На Педагошкиот факултет во Битола прв доктор на науки за надарени и талентирани во Битола (фото)