Press "Enter" to skip to content

Одбојкарките на Пелистер Волеј ги започнаа подготовките во Битола

Одбјарките на Пелистер Волејод Битола традиционално како и секоја година подготовките ги започна во градскиот парк во Битола за новата сезона 2023/24, во која влегуваат со една цел, враѓање во најквалитетното женско одбојкарско друштво, Првата сениорска одбојкарска лига.

На првата прозивка се јавија речиси сите првотимки, а денес на тимот  и искусната Софија Прокиќ, а по санирање на повредите во тимот ќе бидат и Меланија Караилиовска и Ирина Трајковска. Од клубот соопштија дека и најискусната Андреа Стојановска останува во тимот, иако имаше најава дека ќе се пресели во друга средина.

Тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски го соопшти и планот за подготовки до стартот на новата сезона, по што одбојкарките го одржаа и првиот тренинг. 

-Со Стојановска се затвора приказната околу ростерот на екипата, а Пелистер Волеј ќе биди комплетен, без никакви потреси или неизвесности, посилен и покомпактен од кога и да е. Секако и покрај тоа што постојат неколку квалитетни екипи, нашата примарната цел е атак на првата позиција и конечно враќање во првата државна лига на Македонија, рече Митковски.

Исто така започнаа со припреми и помладите категории.
More from ВестиMore posts in Вести »