-Пред 10 години имаше пожар кој за малку ќе го зафатеше село Лисолај на 15-тина колометри од Битола. Пожарот треше скоро четири дена, а третиот ден интервенираа два армиски хеликоптери, кои полнеа вода од Стрежевското езеро. Огнот ги зафати ридовите на петте села Црнобуки, Лисолај, Лопатица, Дервеник и Беранци, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.
-Противпожарните и екипите на Дирекцијата за заштита и спасување заедно со мештаните учествуваат и мештаните, претходно два дена се обидуваа да го локализираат, а силниот ветер и непристапниот терен се дополнителни проблеми со кои безуспешно се обидоа да се справат надлежните институции, вели Миновски.
Третиот ден во гаснењето на пожарот се вклучија и два армиски хеликоптери кога огнот малку недостигаше да го проголта селото Лисолај.
Пожарот кај Лисолај беше најголемиот пожар со кој во 2013 година се справуваше битолската противпожарна единица.
Огнената стихија започна пред два дена над селата Српци и Беранци и пеплоса огромни пространства на борова шума.
90 пожарникари, лица вработени во Македонски шуми, волонтери од противпожарното друштво Пегаз беа на терен, а најголем проблем беше силниот ветер кој го прошири огнот и на боровата шума, но и на непристапен терен каде беше невозможно да се гаси со копнени сили.
Поради пожарот изгореа над 100 хектари нискостеблеста шума.

Деновиве пред 10 години: пожар кај Лисолај, интервенираа два армиски хеликоптери (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- ФК Јени Маале од Битола во свои, ново уредени, простории (фотогалерија)
- Фото вест: мурал посветен на Борисав Траиковски на ѕид на СОУ “Таки Даскало“ во Битола
- Деновиве пред 10 години: новоотворената фабрика “Кронберг и Шуберт“ за прв пат ги отвори вратите за децата (фото)
- Деновиве пред 10 години: “Златната камера 300“ за животно дело во 2013 за Хосе Луис Алкаине (фото)
- На 31. седница на Советот на Општина Битола едногласно изгласан ребалансот на Буџетот
More from ВестиMore posts in Вести »
- Убедлива победа на Еурофарм Пелистер против Мулти Есенс во Битола
- Заокружени активностите за Европската недела на мобилност (фото)
- Стопанска банка а.д. Битола го прослави големиот јубилеј 75 години постоење
- СВР Битола: 93 санкции за сообраќајни прекршоци
- Активна партиципација на УКЛО Битола на 7. научна конференција на Берлинскиот процес