Пред повеќе од дваестина години женскиот пинпонгарски тим Пелистер од Битола, можеше да се пофали со многу успеси, со шампионски титули, со ангажирани интернационалки, со младинска школа, со европски натпревари и турнири, но потоа се застана. Деновиве Томе Ангеловски, пингпонгарски ентузијаст ги прави последните подготовки за реактивирање на женскио пинг понг во Битола.-Веќе подолго време се подготвуваме за реактивирање на женскиот пинпонгарски клуб Пелистер, кој веднаш да кажам не е ликвидиран туку е во мирување и продолжуваме под истото име Пелистер. Прво работиме на оспособување на салата за пинп понг во Јени Маале, и сме во завршна фаза во тоа. Морам да кажам дека со рушењето на таванот повеќе од половина од опремата е уништена, но сепак имаме доволно опрема според критериумите на пинпонгарската федерација. Повторно ќе имаме одлична сала, отворена за сите кои го сакаат пинг понгот, ќа започнеме со работа, но не нема да се натпреварување.
Кога ќе може битолчани да гледаат женски пинг понг?
-Желбата беше оваа сезона да започнеме да се натпреваруваме во супер лига на Македонија, но, некои работи се оддлолжија, не по наша вина. Имаме остварено контакти со некои пинпонарки но, ќе го одложиме конкретното ангажирање. Кога се работи за пинпонгарски оваа сезона сакаме да се посветиме на создавање на младински погон. Сметам дека има потенцијал за тоа кај младите, иако овој спорт не е толку актуелен во Битола. Тука ќе се надоврзам на машкиот пинг понг кој се позиционира како спорт и има добра перспектива, и само можам да ја поздравам нивната иницијатива за формирање и одржување на клубот Пелагонија.За помладите да потсетиме за најдобрите времиња на жескиот пинг понг во Битола, кога започнавте со одличните резултати?
-Во 1997 година го формиравме клвалитетниот женски пинпонгарски клуб Пелистер. Мора да се напомене дека се натпревавме во, можеби најквалитетната Супр лига во историјата на Македонија. Десет екипи, Вардар, Влае, Гранит, Струмица, Прилеп, Крива Паланка… Првата сезона бевме, трети, втората сезона втори, а потоа имавме комплетна доминација седум години, освоиме седум титули.Кој беа носителките на играта на Пелистер?
-Ако првата сезона имавме македонски пинпонгарски веќе втората ангажиравме интернационалки од Србија и Бугарија, квалитетни пинпонгарки, е некои стигнаа и до светско првенство. Мислам дека имавма силна екипа, имавме ангажирани десетина, а ќе ги споменеме Маринела Филипова од Бугарија, Тања Манчиќ од Србија – еврпски јуниорски првак, Душанка Матовиќ од Србија, Надица Вчкова и Новка Камчева од Бугарија, секако тука беа и нашите Марија Јованоска од Прилеп и Јана Атанасовска од Струмица. За жал прекинавме и не успеавме да направиме наш подмладок, но се надевам дека овој тоа ќе го направиме.Имавме и организирано и голем турнир во Горната Гимназија?
-Во рамките на програмата за функционирање на клубот беше и организирање на межународни турнири. Можеме сега, после толку време да се пофалиме дека го организиравме најголемиот турнир, а целата опрема беше наша, без позајмување или изнајмување, што е уште еден доказ каков клуб бевме. Но, не се живее од сеќавања, туку од работење.Каков е планот за оваа сезона и понатаму?
-Планот реков претходно дека се измени, но времето ќе го искористиме за кадровско екипирање. Ќе работиме на тоа да имаме што повеќе млади во клубот, да се обидеме во ова време – невреме да ги вратиме на спортот. Без разлика колку ќе бидат ќе биде успех по повеќе од дваесетина години да имаме пинг понг во Битола.За крај што да се додаде, Томе Ангеловски е цел живот во овој спорт, како вели од мало нозе од 6 години, започнал да се натпреварува како пионер, бил судија, спортски функционер. Да се надеваме дека прво ќе најде наследници во своите внуци, а потоа и кај останатите.
-Желбата секако е некој од моите внуци да ме наследи, но без разлика дали тие ќе го одберат пинпонгот мора младите да го наследат она што не само јас, туку сите кои биле дел од Пелистер го направиле и придонеле клубот да опстои. Се надевам дека престојното селекцирање на младите, турнирите за млади, предавања на познати пинпонгари и тренери од регионот и пошироко, гостување на младински турнири ќе биде замаецот кој ќе повлече да имаме уште еден успешен клуб во Битола.
С.Ристевски