Press "Enter" to skip to content

Спектакл на “бела ноќ во Битола“ со огномет и ди-џеј сетови (фотогалерија)

-На втората вечер „Широк сокак во бело -Бела ноќ во Битола“  ДЏ сетови на ДЏ Моралес, ди-џеј Љубиша и ди-џеј Кoxс.

-Како што најави пред својот настап ДЏ Моралес  ги понесе на музичко патување сите оние кои беа дел од втората вечер Широк Сокак во Бело – Бела ноќ.

Ди-џеј Моралес човекот кој влезе во историјата на музиката и стана уметник, а почетокот на вечерта ди-џеите Кoxс и Љубиша ја подигнаа атмосферата до максимум со гномет и единствена атмосфера која повторно ќе остане во сеќавање кај сите.На втората вечер од Широк Сокак во бело – Бела ноќ битолчани имаа можност да присуствуваат на ди-џеј сет на еден од најпознатите светски суперстар Давид Моралес. Повторно атмосфера која ја одбележува Белата ноќ во Битола. Традиционално и оваа година две вечери исполнети со музика за сечиј вкус, различни возрасти се забавуваат.За овогодинешниот настан органзаторите изјавија:

-Традиционалано и оваа година се одржа настанот “Широк Сокак во бело – Бела ноќ“. И оваа година две вечери значи може да ги наречеме две “Бели ноќи“ кои се надеваме ќе останат во сеќавање кај сите кои присуствуваа. Како и секоја година така и оваа кога се подготвуваваме за настанот за нас беше предизвик да донесеме светски позната ѕвезда која некеко го заокружува настанот на втората Бела ноќ. Среќни сме најпрво што успеавме да стапиме во контакт и повторно го донесовме светски познатиот т.н суперстар  ди-џеј Давид Моралес. Тоа е човекот кој имаше исклучителниот настап на “Белата ноќ“ во 2012 година за кој направи незаборавна атмосфера, после 11 години повторно во Битола.Давид Моралес е  човекот кој низ својата кариера настапувал во многу познати светски клубови, направил радио програми и микс коммпилации. Наградуван со Греми награди,продуцент, текстописец и бизнисмен. Давид Моралес  има ремиксирано над 500  изданија за познати уметници.-Се разбира тука се нашите битолчани ди-џеј Љубиша кој со своите “огнени“ настапи секогаш ја загрева атмосферата до максимум и ди-џеј Ацика. Се надеваме дека  атмосфера повторно ќе остане во сеќавање кај сите. Голема благодарност до спонзорите кои овозможија овој настан „Широк Сокак во Бело – Бела ноќ“ односно имавме две успешни Бели ноќи во Битола, додаваат организаторите, кои порачаа:-Би сакале “Белата ноќ“ да бидат  еден вид бренд на градот и се надеваме на побогата програма и настапи на познати светски ѕвезди во Битола. Се гледаме на следната Бела ноќ во Битола 2024!

Ж. Ристевска

More from ВестиMore posts in Вести »