Press "Enter" to skip to content

Градоначалникот им посака успешна школска година на првачињата во ОУ “Трифун Пановски“ и “Коле Канински“ во Битола (фото)

На почетокот на новата учебна година за сите ученици во основното и средното образование,  градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, ги посети основните училишта „Д-р Трифун Пановски“ и „Коле Канински“, каде им посака успешна учебна година на сите ученици, особено на најмладите, првачињата, кои со возбуда го дочекаа првиот училиштен ден.-Верувајте, нема поубав момент за мене, за родителите и наставниците, да го започнете денот со најмладите. Во мое име, во име на општина Битола и граѓаните на општина Битола, на најмладите, родителите и наставниците им посакувам многу трпение, многу успеси, многу смеа и радост, затоа што ако се потсетиме на моментите кога ние бевме на нивно место, тоа беа моменти на радост, но и на понекоја пуштена солза.Директорката на ОУ “Коле Канински“ им посака добредојде на првачињата, на кои поголемите основни им приредија мала приредба, а директорката им посака успешно школување, убави школски денови и рече:-Денешниот ден носи со себе  многу емоции, очекувања и предизвици. Денес, како директор на ова прекрасно училиште, имам чест и задоволство да стојам пред вас, заедно со нашите нови првачиња,  место од каде  заедно ја  започнуваме оваа заедничка патека на знаење, откривање и раст.  Денес е еден од оние денови кои нè потсетуваат на значењето на заедницата, на значењето на образованието и инвестирањето во нашата најголемо богатство – нашите деца.  Ги гледам со восхит нашите првачиња како со нетрпение чекаат  да зачекорат со нивните насмевки на лицата, во нивниот втор дом, подготвени  да го истражуваат светот на знаењето. Вашиот прв ден во училиште означува почеток на патот исполнет со предизвици, можност за учење и нови пријателства што можат да траат цел живот. Дозволете ми да им посакам добредојде на сите наши нови првачиња. Вие сте срцето и душата на нашата институција, и со вашата растечка радост и љубопитност, нѐ  потсетувате колку е убаво  да се работи  во образование. Секој ваш чекор е чекор кон мудрост и знаење, кон формирање на вашата личност и развој на вашиот потенцијал, и додаде:Очекувањата се големи, но и можностите се неограничени. Ви посакувам успех, знаење и многу пријатни искуства во дните и годините што идат. Иднината е платно што чека да биде насликано со вашите амбиции, посветеност и труд. И не заборавајте, учењето е процес кој не завршува никогаш. Секој ден е шанса да се надградувате, да се развивате како личности и да придонесете за подобро утро. Почитувани, со големо задоволство стоиме денеска тука, заедно да  прославиме еден значаен момент во животите на нашите првачиња и нашата заедница воопшто.Градоначалникот за бројот на запишани првачоња додаде:-Ќе кажам еден статистички податок: од бројот на пријавени и запишани, имаме 799 првачиња, а минатата година имавме 783, што значи дека Битола нема пад во однос на запишаните првачиња. Бројот останува константен, што и не радува. Секогаш велам дека Битола има потенцијал, градот е жив и сите треба да се трудиме да помогнеме, секој во својот ресор, да овозможиме услови во овие тешки економски времиња за сите, да овозможиме воспитно-образовниот процес да се одвива како што треба. Овие моменти треба да се посветиме на враќање на семејството, на традиционалните вредности каде што децата треба да запомнат што е фамилија, што е училиште, бидејќи не е само образованието во прашање, туку и воспитниот процес во целост, рече Коњановски, кој искрени им го честита почетокот на учебната година.

More from ВестиMore posts in Вести »