Press "Enter" to skip to content

Во Битола со полагање цвеќе на споменикот на Револуцијата одбележан 8. Септември

Денот на независноста на Македонија во Битола беше одбележан со положување на свежо цвеќе пред споменикот на НОАВМ кај Центарот за култура во Битола, а прв се поклони на споменикот заменик градоначалникот на општина Битола, Бојан Бојковски.Претставници на Советот на Општина Битола предводени од претседателката Габриела Илиевска исто така положи цвеќе.Цвеќе на споменикот положија и Сојузот на борци и на политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ПОДЕМ, денес се одбележа 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија.Пред 32 години, на 8 септември 1991 година, на спроведениот референдум, македонските граѓани се изјаснија за самостојна и суверена држава.