Press "Enter" to skip to content

Златевски: играме добро на домашен терен, така ќе биде и вечерва

Кошаркарите на Пелистер вечерва на домашен терен во Битола ги очекува нов суперлигашки натревар во рамките на 6. коло против екипата на новиот суперлигаш, тимот на ГКК Штип. Натпреварот започнува во 19 часот во спортската сала “Боро Чурлевски“ во Битола. 

Виктор Златевски, кошаркат на Пелистер, пред натпреварот против ГКК Штип рече:

-Натпреварот со ГKK Штип го дочекуваме максимално подготвени и фокусирани. Покажавме добри игри на домашен терен се надевам дека така и ќе продолжиме. Ги поканувам сите наши подржувачи да дојдат во недела и заедно да стигнеме до победа.

More from ВестиMore posts in Вести »