-Пред 10 години во Битола се отвори на спектакуларен начин на 34. издание на Филмскиот фестивал “Браќа Манаки“ кое беше едно од најдобрите според сите оценки. На црвениот килим пред Центарот за култура во Битола, поминаа претставници на државниот врв, филмаџии од Европа и светот, гламурозни тоалети, префинети гости и претставници од јавниот, општествено-културниот живот, популарни, актери, уметници, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Фестивалот “Браќа Манаки“, тогаш, пред 10 години се одржа под мотото “Пушти ја светлината“, а шпанскиот кинематографер Хосе Луис Алкаине беше добитник на “Златната камера 300“ за животно дело во 2013.
Француската снимателка Ањес Годар на специјалната награда “Златна камера“ за особен придонес во светската филмска уметност.
Тогашната директорка на Фестивалот, Лабина Митевска, рече дека се потрудиле најубавата
светлина од светот да ја донесеме овие седум дена во Битола. Уживајте во неа!На отворањето в0 герила акција беше поставен транспарент на кој пишуваше “Сакаме стадион во Битола“.