На 16.09.2023 во времето од 20.00 до 24.00 часот од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола спроведена е акциска контрола на подрачјето на Битола, при што е констатирано дека 50 годишна битолчанка сторила прекршок „оддавање на проституција“ казнив по чл.19 од Законот за прекршоци против јавен ред и мир.
При контрола во два хотели во битолско констатирани се два прекршоци по чл.15 од законот за пријавување на живеалиште и престојувалиште.
По документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.