Основното мото за интернационалниот ден на мирот за оваа година се акции за мир, кои ќе ја поттикнат нашата амбиција за глобални цели. Секоја година ширум светот, а и во Битола на 21 септември се одбележува меѓународниот ден на мирот.
И оваа година, овој ден е посветен на зајакнување на идеалите за мир, преку почитување на 24 часа ненасилство и прекин на огнот. На овој свет никогаш повеќе не му бил потребен мир. Оваа година темата е повик за акција што ја препознава нашата индивидуална и колективна одговорност за поттикнување на мирот.
Денес, Ротари Клубот Битола Широк Сокак, во заедничка соработка со “Јавен Адвертајзинг Едукација“ и “Киро Дандаро“ ја реализираа проектната активност под наслов: „Да го изградиме мирот во дигиталниот свет“, во чест на Татјана Петрова. СОУ „Таки Даскало“- Битола ја даде својата несебична поддршка за реализација на нашата идеја на двајца најдобри ученици од отсекот за графички дизајн да му доделиме бесплатен курс за графички дизајн и реализација на практична работа.
Дополнително, настанот го збогати присуството на учениците од ООУ “Стив Наумов“ и ООУ “Коле Канински“ од Битола, кои се натпреваруваа, изработувајќи цртежи во платформа за графички дизајн.
На најдобрите им беа доделени награди, кои ги обезбедија Јавен Адвертајзинг Едукација и Киро Дандаро, а најдобрите следуваа награди. Денешниот настан изобилуваше со креативна енергија преточена во идеи поврзани со мирот.
Комбинацијата на измешани чувства на тага и креативност, Ротари Клубот Битола Широк Сокак, продолжува со реализација на своите проектни активности.

“Да го изградиме мирот во дигиталниот свет“ во чест на Татјана Петрова во организација на Ротари клуб Битола Широк Сокак (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)Деновиве пред 10 години: ФК Пелистер преку бараж од Втора се врати во Прва лига на Македонија (фото)

- Со гала вечер “Pionerski Book Bar & Apartments“ Битола прослави една година постоење (фотогалерија)
- Пелистер со победа над Башкими во регулатниот дел, за бараж за опстанок ќе игра против Шкендија Арачиново
- ОЈО Битола отвори постапка за телесна повреда и противправно лишување од слобода на матурантка од Битола
- СВР Битола: битолчанец возел без возачка, 16 годишник “фател“ како вози „голф“ без возачка, приведен битолчанец за физичка напад на 17 годишна битолчанка




