Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: битолчанец платил пари за дограма – не ја добил, девет лица се тепале со тврди предмети и се повредувале

На 30.10.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, А.Р. (47) од Битола пријавил дека од страна на Л.И. од Битола, бил доведен во заблуда со тоа што го викнал лицето Л.И. за кој претходно знаел дека е мајстор за дограма и се договориле да им направи дограма и дека за истата ќе треба да му плати 38.000 денари, по што пријавителот во неколку наврати му ги исплатил парите, но пријавениот до моментот на пријавување не бил достапен. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 30.10.2026 во 00:30 часот во СВР Битола пријавено е дека на ул. „Козјак ” во Битола А.Р., О.Р., З.Р., Д.К., Е.Џ., М.Р., А.А., Д.К. и Д.К. сите од Битола го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна тепачка, а притоа користеле и тврди предмети и си нанеле повреди. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.
More from ВестиMore posts in Вести »