Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична пријава за “предизвикување општа опасност“, палење стрништа, неколку лица повикаани в полиција

Полициски службеници од Криминалистичката полиција при СВР Битола, вчера 23 септември, по добиени оперативни сознанија во врска со кривичното дел “Предизвикување општа опасност“ односно, намерно предизвикување на пожари на отворен простор во с. Лознани и с. Путурус, битолско, во полициска станица Битола ги повика на разговор 43 годишникот од с. Вашарејца, битолско, 58 годишник од с. Лознани, битолско 72 годишник од Битола, 35 годишник од с. Вашарејца и 61 годишник од с. Лознани.

Против лице од Лознани ќе следува и Кривична пријава по чл. 288 од кривичен Закон, односно “предизвикување општа опасност“.