Press "Enter" to skip to content

Пронајдено украдено возило во Битола, истото вратено на сопственикот

Полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола од ул. “Караорман“ во Битола со потврда за привремено одземени предмети од лице на возраст од 41 година од Битола беше одземено патничко моторно возило марка “опел корса“ без регистарски ознаки.

Истото беше пријавено на 27.09 во СВР Битола за  украдено од страна  Б. Б. (48) од село Подино, Општина Могила.

Возилото е вратено на сопственикот, а против сторителот ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 242 од КЗ на РСМ.

More from ВестиMore posts in Вести »