-Тема која е актуелна денес и може да се сретне со сите медиуми и по социјалните мрежи е врсничкото насилстви, а таа тема била актуелна и пред 10 години, во 2013 година, кога во Битола биле можеби и првите обиди таа да се превентира, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство.Во почетокот на октомври во 2013 година се одржа настан на плоштадот “Магнолија“ на кој се посочи ова девијантно однесување пред се на основците и средношколците во Битола, а по тој повод беше организиран настан – хепенинг, а потоа и марш по Широк Сокак.На бината на “Магнолија“ во име на Општина Битола, зборуваше Снежана Петровска, тогаш одговорна за образованието во градот, каде ингеренции има Општината.На овој настан зборуваа и претставници на МВР од Секторот за внатрешни работи од Битола и претставници на Министерството за образование.-И денес, како и пред 10 години, се организираат разни трибини, советувања, семинари за намалување и искоренување на врсничкото насилство по школите, но бележиме и денес случаи кога сме сведоци на такво однесување, за кое посакуваме сите да го има што помалку во билтените на полицијата и на училиштата, вели Миновски.
Деновиве пред 10 години: настан и марш против врсничкото насилство на “Магнолија“ во Битола (фото)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)
- Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)
- Бутката за “компирчињата“ која беше на Широк Сокак, кај Османлијата, во Битола замина во историјата (фото)
- Деновиве пред 10 години: осветено црквичето “Св. Ѓорѓи“ во Старски дом во Битола (фото)
- На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)