Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: кривична за битолчанец за “насилство“, напад со дрвен предмет

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното јавно обвинителство Битола, поднесе кривична пријава против 37 годишни од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривични дело „насилство“ по член 386 од Кривичниот законик.

На 30.09.2023, во угостителски објект во комплекс “Нов пазар“ во Битола, пријавениот физички и со дрвен предмет  нападнал 38 годишник од Битола.

По преземени мерки, полициски службеници го пронашле и привеле пријавениот.

Тој бил изведен пред судија на претходна постапка, кој му определил мерка притвор.

More from ВестиMore posts in Вести »