Press "Enter" to skip to content

Нова услуга на Црвен крст Битола “Наменски транспорт“

Црвениот крст на РСМ – Општинска организација Битола започна со нудење на услугата „Наменски транспорт“, транспорт од домот на корисникот до институција и обратно, наменет за стари лица, лица со попреченост, лица со тешкотии при самостојно движење или на кои им е потребен придружник поради здравствена состојба, во ситуации кои не се животозагрозувачки. Транспортот се одвива со специјализирано наменско возило и обучен тим.

Услугата обезбедена со помош и поддршка од Австриски Црвен крст и Црвениот крст на Македонија, ќе овозможува безбедно и достоинствено превозување до здравствени, социјални или административни услуги и истата ќе биде достапна за сите граѓани од општините Битола, Новаци и Могила за потребите на територија на целата држава.

Важно е да се напомене дека станува збор за комерцијална услуга односно истата се наплаќа според утврден ценовник.

Закажувањето на транспортот се одвива секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот на неколку начини односно преку контакт линијата 075-323-400, директно со посета на канцелариите на Општинската организација на Црвен крст Битола или на меил адресата bitola.uslugi@redcross.org.mk .

More from ВестиMore posts in Вести »