Соноќа на голамата сцена “Благој Стефановски – Баге“ во Народниот театар Битола започна 32. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.На првата фестивалска вечер, пред љубителите на класичната музика зборуваше уметничкиот директор на “Интерфест“, Милица Шперовиќ Рибарски, која ја претстави програмата на годинашното издание.
-Ме радува податокот дека во оваа преполна сала во Народниот театар има публика која е со нас од почетокот на “Интефест“, односно 32 година од нашите почетоци во Битола. А, тука ќе ја споменам и Невена Груевска, претседател на МНД Битола која е со нас од првото издание. Кога станува збор за програмата ќе кажам дека на концертите ќе настапат врвни уметници кои ни доаѓаат од осум земји во Македонија. Покрај тематските концерти ќе има и изложба на битолски и македонски уметници. Ќе го нагласам концертот на класична музика и македонска музика на кинезот Окотецу кој навлесе во македонската музика и македонските чувства со Камерниот оркестар на Битола на 11 октомври.
Годинашниот “Интерфест“ за отворен го прогласи градоначалникот на Битола, Тони Коњановски кој рече:
-Прво сакам да им посакам добровечер на сите љубители на класичната музика, драги битолчани, вечерва во Битола. Одушевувачкото поврзување на убавината и уметноста вечерва на фестивалот “Интерфест“ по 32. пат во Битола се случува благодарение на брачниот пар Милица и Кирил Рибарски кои го негуваат овој фестивал на класична музика каде уметничкиот израз кој допира до секој посетител, слушател. Со посебна грижа за традицијата и промоција на културните вредности, како локалната самоуправа и годинава континуирано дава поддршка на фестивалот низ годините кои ги надминал сите предизвици и останал доследен промотор на Битола во светски рамки. Завршувајќи го фестивалот “Браќа Манаки“ преку “Интерфест“ во следните 11 дека продолжуваме со гостувањето на уметниците од Шпанија, Португалија, Австрија… кои преку своите изведби повторно ќе ги исполнат салите годинава, а ќе бидат наградени со голем аплауз. Успешната приказна на магичниот звук може да започне.
Синоќа по официјалниот дел, односно свеченото отворање на “Интерфест“ беше изведена операта “Рита“ на Гаетано Доницени, во изведба на Националната установа “Опера и балет“, под диригентство на Иван Еминовиќ. “Рита“ е комична опера во еден чин, а дејството се случува во Бергамо, Италија.
Инаку на “Интерфест“ ќе се одржува до 12 октомври, покрај во Народниот театар ќе има концерти и во Центарот за култура, Завод и Музеј и Офицерски дом, а ќе има ликовната изложба и поетската вечер.

Започна 32. издание на “Интерфест“ во Битола со изведби на операта “Рита“ (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Избран ректор на УКЛО Битола, проф. д-р Игор Неделковски ќе го води Универзитетот во втор мандат
- Општина Новаци ќе дава субвенции од 10.000 денари за полагање возачка дозвола од “Б“ категорија
- Денес гласање за ректор на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ Битола
- СВР Битола: опожарени три возила, приведени три лица за дрога во Лавци
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 24 степени
More from КултураMore posts in Култура »
- Факсимили од роднокрајни писатели претставени на уникатна поставка во Библиотеката
- Свечено отворен 26. интернационален фестивал на монодрама јубилејен во Центар за култура Битола (фотогалерија)
- „Д (како Дездемона)“ – современ танц на вечерашното отворање на 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрамата во Битола
- Дали секој родител треба да дојди на оваа изложба? Ќе му ја дадеш шансата што ти ја немаше?
- В сабота во Битола почнува 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама (фото)