Ротари клубот Дјуршхолм од Стокхолм, Шведска во соработка со Ротари клуб Битола донираа опрема за гинеколошко-акушерското одделение при Клиничката болница во Битола, опремата е за хируршко отстранување на пред-канцерозни промени на грлото на матката и микро-инвазивен канцер на грлото на матката.
По состанокот кој се одржа во Клиничката болница во Битола на која беше и д-р Лилјана Кочоска- Мареш, специјалист гинеколог, претставник на Ротари клубот Дјуршхолм од Шведска, која во Битола неодамна имаше и предавање, директорката на Клиничката болница Битола д-р Елизабета Ивановска на средбата со новинарите рече:-Станува збор за донација од обезбедена од Ротари клубот Дјуршхолм од Шведска, преку битолчанката, специјалист доктор Лилјана Кочоска Мареш и секако Ротари клубот од Битола. Донација е опрема за хируршко отстранување на пред-канцерозни промени на грлото на матката и микро-инвазивен канцер на грлото на матката, која ќе служи за рано откривање, дијагностика и лекување за еден од четирите водечки карциноми кај жената а тоа е цервикалниот карцином. Донацијата е во време кога борбата со гинеколошките карциноми е сè погласна и кога секоја година во нашата држава, во просек има 150 жени кои се јавуваат како нови случаи на заболени. Со донацијата на Клиничка болница-Битола и е овозможено да ги следи светските трендови и учествува во подигнување на свеста за борба против гинеколошките карциноми за нивно лекување, дијагностика и отстранување со минимална инвазивна технологија и додаде:
-Оваа интервенција ни дава максимална можност целосно да се зачува цервикалното ткиво и процесот на лекување да биде поефикасен во споредба со конвенционалниот метод на лекување како на пример цервикалната конизација со обичен хирушки скалпер. Донацијата се состои од јамки за LLETZ, електроди за коагулација, биполарни ножички и биполарен инструмент за хируршки интервенции, абдоминални операции, како инструмент и апликатор за аргон плазма коагулација.
Битолчанката, д-р Лилјана Кочоска- Мареш, специјалист гинеколог, претставник на Ротари клубот Дјуршхолм од Шведска кој во Клиничката болница во Битоила донираше современа опрема рече дека зачудувачки е што во 2023 година во државата се уште се користи нож за конизација за остранување на предканцерогени промени на грлото на матката.
-Нашата цел беше да се издигне на ниво на цела државата потребата да се престане со конизација со нож, а тоа е поврзано со ризик од зголемено крварење, инфекција, жената лежи во болница сосема непотребно 2 до 3 дена. Со јамки за LLETZ конизација, промените на грлото на матката се отстрануваат за неколку минути и пациентката може да си оди дома после 30 до 45 минути од интервенцијата. Ќе додадам дека една јамка би можела да се стерилизира за пет пациентки и тогаш би биле пресреќни ако 200 до 300 пациентки добијат бесплатна минимално инвазивна терапија на предканцерогени и канцерогени промени, а со овој начин се обезбедуваат и финансиски заштеди, апаратите што ги дониравме ќе помогнат при абдоменални, акушерски интервенции, рече д-р Лилјана Кочоска- Мареш.
Посредник на оваа донација е Ротари клубот Битола, а Раде Христовски, претставник на битолските ротаријанци рече дека треба да мериме овој проект со вредноста на чинење, туку со ефектот на помалку потрошени пари за тие застарени методи.
Со оваа донација Гинеколошко-акушерското одделение ќе ги следи светските трендови во навремено откривање на гинеколошките карциноми и нивно отсранување со минимално инвазивна технологија. Црвикалниот карцином е еден од четирите водечки карциноми кај жените. На глобално ниво 18,5 милиони жени годишно се борат си гинеколошки карцином, а речиси на секој 5 минути згаднува животот на една жена.