Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: за изминатите девет месеци 414 тешки кражби помалку од истиот период лани

-За период од јануари до септември 2023 година 414 тешки кражби помалку на подрачје на Битола во споредба со истиот период минатата година, изјави портпаролот на СВР Битооа, Сања Стаматова.

Во првите девет месеци од 2023 година, според извештаите и во евиденциите на СВР Битола, Секторот за внатрешни работи Битола во Битола бележи намалување на извршените тешки кражби, тешки кражби во обид и тешките кражби на дрзок начин.

Позитивните резултати се должат на низата преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од криминалистичката полиција, постојаното присуство на полициски службеници на терен, зачестените контроли на лица и возила, средбите со месните и урбани заедници, поголемата соработка со граѓаните, акциските контроли и јакнењето на довербата помеѓу полицијата и населението. Сето ова придонесува за намалување на бројката на извршени кривични дела, со тенденција намалувањето да продолжи и во наредниот период.

Во СВР Битола во првите девет месеци од 2023 година на подрачјето на Битола евидентирани се вкупно 185 кривични дела – тешки кражби , тешки кражби во обид и тешки кражби на дрзок начин во споредба со 599 тешки кражби за истиот период минатата 2022 година, или 414 тешки кражби помалку од минатата година. Легитимирани биле 135 лица, извршен бил преглед на 4244 лица и 1355 патнички моторни возила.

Криминалистичката полиција при СВР Битола до Основното јавно Обвинителство Битола има поднесено вкупно 453 кривични пријави и тоа: 246 кривични пријави се поднесени од страна на отсекот за општ криминал ,22 кривични пријави поднесени од страна на отсекот за компјутерски криминал ,62 кривични пријави поднесени од страна на отсекот за економски криминал и 52 кривични и 72 прекршочни пријави од страна на отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје.

More from ВестиMore posts in Вести »