Press "Enter" to skip to content

На 4 ноември, кино “Манаки“ започнува со редовен филмски репертоар

Во Битола после 102 години првата филмска проекција во кино бавчата на Браќа Манаки, Киното Манаки на Широк Сокак во Битола, на 4 ноември со редовен филмски репертоар, ги отвора вратите за вљубениците во филмот и филмската уметност.

-Со слободна мисла, подготвени за нова филмска магија од 4 Ноември, започнуваме со филмски стории, кои соодветствуваат на денешнината, ги рушат стереотипите на воздржаност и одважно и вртоглаво се втурнуваат во вителот на актуелното, горливото, ранливото, убавото, грдото и доброто, одмаздољубивото и рамнодушното, тажното и среќното, во она што ни е на дофат, но и во она што е далеку од нас, во трансцедентното и во суровото реално, порачуваат од кино “Манаки“.

Битола започнува да освојува со филмови што ќе се паметат, проектирани во акустичен и современ простор, доволно голем, за да ги допре срцата на најсилните и да создаде прекрасни, филмски мигови, за најсензитивните, а од 4 ноември на репертоарот ќе биде треото продолжение на филмот “Мојата голема дебела грчка свадба.

More from ВестиMore posts in Вести »