Press "Enter" to skip to content

Центарот за култура Битола го прослави 43. роденден со изложба на фотографии на Диоген Хаџи-Коста Милевски (фотогалерија)

Вечерва по повод 43. роденден на Центарот за култура – Битола свеченото се отвори изложбата на фотографии, насловена како “Фестивалска диоприја“ на Диоген Хаџи-Коста Милевски, во присуство на голем број на гости, пријатели на центарот за култура Битола, пријатели на културата. Ова е прва негова самостојна изложба на Диоген Хаџи-Коста Милевски која е составена од избрани фотографии од фестивали кои се одржале во Битола во изминатите 5 години, а на кои тој се јавува како официјален фотограф, за што рече:-Изложбата ги опфаќа фестивалите ИФФК “Браќа Манаки“, “Илинденски Денови“, Интернационалниот фестивал на монодрама и Фестивалот на музика од светот, во периодот од 2018 до 2022 година. Изложбата се состои од 25 фотографии преку кои откривам фрагменти од многубројните настани на кој сум бил официјален фотограф. Морам да кажам дека упатувам голема благодарност за довербата која ја имам пет години од директорката на Центарот за култура, Маја Андоновска – Илиевски, и од оние кои се дел од организацијата на фестивалите, како Валентин Соклевски.-Ако ме прашувате кој фестивал ми е омиле, веднаш ќе кажам дека тоа е “Илинденски деново“. Зошто, затоа што цел град е сцена, имаме фолклор, движења и многу енергија од сите кои доажаат во Битола. Од илјадници фотографии со неколку селекции дојдов до бројка до 150 фотографии, кои поминаа уште неколку селекции за да се дојде до бројката која е оптимална за изложба, вкупно 25, рече Диоген Хаџи-Коста Милевски на отворањето на изложбата.Директорката на Центарот за култура Битола рече дека довербата Диоген Хаџи-Коста Милевски ја стекнал од неа во моментите кога на Фестивалот на монодраата кога не добиле помош, тој се нафатил безпари да биде дел од тимот и успешно си ја завршил работата.Вечерва беше роденденот на Центарот за култура во Битола, а по тој повод, 43 години од Домот на културата “АСНОМ“ како тогаш му беше името, Маја Андоновска – Илиевски рече:-На 10 октомври 1980 година свечено биле пресечени лентите со кој што овој град почнува да испишува една културна историја, Центар кој постојано има нагорна линија во секој поглед на делување, иако имало тешки мигови. Благодарна сум на сите кои овде оставиле свое парче душа, на оваа бетонска градба која е наголема од ваков вид во државата. Ние го имаме и најголемите проекти, најзначајните културни случувања во државата, а ја имаме и најдобрата културна публика. Годинава славиме и 10 години “3 ДЕ“ кино, а со сето ова Битола има со што да гордее. Маја Андоновска – Илиевски додаде дека има екипа со која се гордее и која не кажала дека нешто не може, не сака или нема шанса тоа не што, било која нејзина “луда“ идеја да се наоправи, па токму со нив, сите врабени во Центарот ја пресече роденденската торта, за честит 43. роденден на Центарот за култура во Битола. 

Сашо Ристевски

Фотографии: Дамијана Ристевска