Синоќа во културниот центар “Магаза“ во Битола беше промовирана книгата на историчарот м-р Евгениј Литовски од Битола, “Улогата на Народна Република Македонија во културната автономија на Македонците од пиринскиот дел на Македонија 1944-1949“, која обработува дел од Македонското прашање кое е една исклучително комплексна тема, која никогаш не може целосно да се исцрпи.Промотор на книгата на Евгениј Литовски, беше Мишо Китановски, новинар, поет и публицист, кој рече:
-Авторот на оригинален начин ги расплетува круцијалните прашања кои се поставуваат за реализација пред македонскиот народ под Пирин како составен дел на културната автономија на Пиринска Македонија. Желбата на македонскиот народ да се изразува на македонски јазик е Пиринскиот факел кој ги држи сите срца, како и желбата што побрзо да се помине вештачки поставената граница во Букурешт 1913 година е она ѕвездара водилка што ги води Македонците, 24 дневно, да работат на обликувањето на македонската свест и на македонски јазик да ја учат македонската историја одлободена од посегање и фалсификат. А сето тоа се случува во време кога расте отпорот кон македонската култура и нација, тогаш кога е идејата за обединување со Пиринска Македонија се заменува со идејата формирање на Југословенска – Бугарска Федерација, за да заврши со зборовите.
-Големиот писател и нобеловец Ернест Хемингвеј во својот епохален роман “Старецот и морето“ рече: “Човек може да биде победен, но не и уништен“. Ве убедувам дека Македонците во Пиринска Македонија и во минатото и денес, Македонците во Бугарија можат да бидат победени со терор, закани и затвори, но не и уништени. Тоа е она што нив ги држи, но што не држи и нас, кои се обидуваме на ваков начин да се потсетиме дека постојат. Четири книги во 79 години во Република Македонија се камен темелник за Македонците во Пиринска Макеоднија. Тоа се монографииите на Лазар Мојсов, на Димитар Митрев, на Васил Јотовски и нашиот млад историчар Евегниј Литовски.
Историчарот, Евгениј Литовски ќе рече:
–Фактот што во склоп на истражувањата во македонската историографија влегуваат и оние посветени на случувањата на целата македонска етногеографска територија, која по сила на историските околности била поделена помеѓу соседните балкански држави, во што, несомнено, огромно учество имале и европските и светските големи сили, само ја докажува комплексноста на македонското прашање како неисцрпна материја за проучување. Иако на прв поглед се чинело дека долгогодишниот македонски идеал за создавање обединета македонска држава е на дофат, барем делумно, сепак политичките прилики го покажале спротивното. Имено, по завршувањето на Втората светска војна, добрососедските односи помеѓу ФНРЈ и отечественофронтовска Бугарија влевале огромна надеж за обединување на пиринскиот дел на Македонија со својата матица, односно со Народна Република Македонија, која го опфаќа вардарскиот дел на Македонија. Сепак, по низата случувања што следуваат, а кои се проследуваат во овој труд, се покажало дека таквите надежи засекогаш ќе згаснат.
Евгениј Литовски на промоцијата рече дека пишувањето на книгата бил процес кој траел десет години.
Во процес биле вклучени многу лица кои му помогнале за да издавање на книгата, а голем број од нив се споменати во предговорот, и изрази благодарност кон д-р Таше Трпчевски и болницата “Плодност“ како главен спонзор на книгата, исто така и “Боди М“, Завод и Музеј Битола, како и на сите кои беа на промоција на книгата.

Промоција на книгата “Улогата на НР Македонија во културната автономија на Македонците од пиринскиот дел на Македонија 1944-1949“ на Евгениј Литовски (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)
- Пелистер ги награди најверните и најлојални фудбалери од оваа генерација (фотогалерија)
- Борците на КБК Самурај од Битола освоија 8 медали на “8th BALKANS BEST FIGHTERS JAGODINA 2023“ (фото)
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 5 степени
- Награди за најдобрите за волонтерите за локален волонтерски аражман 2023
More from КултураMore posts in Култура »
- Библиотеката од Битола со промоција на Библиографија ги заврши празнувањата за патронот (фото)
- Завршен настан на проектот “Креирај слемирај“ на Библиотеката
- Поемата “Одгласот на тишината“ ново книжевно дело на Зоран Пејковски
- Мозаици на академик Газанфер Бајрам изложени во Офицерски дом во Битола
- Концерт на Битолскиот дувачки оркестар во Битола (фото)