Press "Enter" to skip to content

СВР Битола: сосед нападнал татко и малолетен син, излетал од пат со “лада“ и тешко се повредил

На 11.10.2023 во СВР Битола, 47 годишно лице од Битола пријавило дека неговиот сосед физички го нападнал него и неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 11.10.2023 во 06.35 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Могила-Будаково, кај село Радобор, патничко моторно возило „лада самара“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 42 годишно лице од с.Будаково, излетало од патот. Во несреќата, возачот  се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, а увидот на местото извршила увидна екипа на СВР Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »