Синоќа во Битола, во свечената сала на “Офицерски дом во Битола со одличен концерт беше затворено 32. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“.Чест да го затворат 32. издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ имаа австрискиот виолинист Гернот Винишхофер и украинскиот пијанист Денис Јаворскиј, кој на публиката и подарија одличен концерт.
Инаку, во изминатите денови дена во Битола 32. по ред издание на интернационалниот фестивал на класична музика “Интерфест“ се одржа на сцените во НУ Центар за култура, НУ Народен театар и Офицерски дом, каде пред многу публика, настапија врвни уметници кои во Битола дојдоа од осум земји.
Годинашниот “Интерфест“ беше збогатен и со ликовната изложба, поетската вечер, и трибина во организација на МНД Битола.
Инаку, на свеченото отворање на “Интерфест“ беше изведена операта “Рита“ на Гаетано Доницени, во изведба на Националната установа “Опера и балет“, под диригентство на Иван Еминовиќ.
Одличен настап во преполната сала на Центарот за култура во Битола одржа пријателот на македонската песна, јапонскиот оперски првенец, Казухиро Котецу.

Свечено затворено, годинашното, 32. издание на “Интерфест“ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Последен училишен ден за матурантите од Горната Гимназија
- СВР Битола: две приведување за марихуана, два физички напади
- Голд Фелициа со поддршка за прославата на патрониот празник на ОУ „Коле Канински“
- Привремена суспензија за Раководител на сектор во Општина Битола
- Никола со филмско сценарио и со три музики на “Магнолија“ во Битола ја запроси Алвона, а таа кажа ДА (видео + фотогалерија)
More from КултураMore posts in Култура »
- В сабота во Битола почнува 26. издание на Интернационалниот фестивал на монодрама (фото)
- Градење на мостови на уметност, култура, пријателство и почитување (фотогалерија)
- Градот стана звук: промоција на плочата We Pretend It’s a City Bitola
- Марјан Георгиевски со длабоко емотивна, освестувачка и мотивирачка монодрама го означи „Новото поглавје на Битола“
- “Verbumlandiart Aps“ од Лече, Италија и Универзитетската библиотека од Битола потпишаа Меморандум за соработка (фото)