-На отворањето на шаховскио турнир, утре во 10 часот, во ресторанот “Вавилон“ во Битола ќе има и промоција на шаховска химна.
Шаховскиот клуб ШАХ-ШЕХ од Битола го организира традиционалниот турнир во забрзан шах “ШАХ-ШЕХ Вавилон open“, на кој ќе учествуваат шахисти од сите градови и клубови во Македонија, но и шахисти од другите балкански држави, како продолжување на соработката на битолскиот клуб со клубовите од соседните држави.
На турнирот најавија учество и шахисти со висок рејтинг и меѓународни титули, велемајстори, интернационални и FIDE мајстори и други одлични шахисти.
Турнирот е рејтингуван и ќе се игра според правилата на FIDE во девет кола со темпо на играње од 10 минути со додаток од 5 секунди за секој потег и е од отворен карактер и право на учество има секој шахист.
Сите заинтересирани може да дојдат на турнирот во ресторанот “Вавилон“, да го пратат текот на турнирот, се разбира со почитување на редот кој се практикува за вакви настани.