-Пред 10 години, во октомври 2013 година, на патеката кај Братиндол, над Битола се одржа мото-трка која, се сеќавам беше одлично организирана од тогашниот мото клуб ЛТД од Битола, за прв парт, од шампионат на Македонија во мото крос, а за која имаше огромен интерес и на која се постигнаа одлични резултати, со 7.000 публика, започна со своите сеќавања Димче Миновски, хроничар на Битола и доајен на битолското новинарство. -Патеката беше комплетно подготвена за стартот на трката, а за прв пат тогаш имаше мали корекции по сугестија на возачите, а сето тоа по неколку години откако не се имаше одржано трка на ова патека, поради многу оштетувања. На неа учествуваа мото-кросисти од Македонија и околните земји, мотокросистите од ЛТД беа со најповеќе медали и беше во најдобар во екипна конкуренција, вели Миновски.Скоковите на патеката, стартната рамнина, влезовите од регионалниот пат до патеката, местата за гледачите, а посебна атракција беа скоковите, во што уживаа гледачите. Од ЛТД шампионската титула ја освоија Борче Костов и Никола Гулевски, во МХ3 и МХ2 конкуренција.Во таа сезона Борче Костов и Никола Гулевски беа по трет пат по ред прваци и заслужено ја добија престижната награда “Златна кацига“, која според тогашните коментари беше освоена заслужено.Тогаш на патеката по подолго време се појави и возачот на Пелистер, Христијан Илиевски – Кико, кој ги освои симпатиите на гледачите, посебно по атрактивните скокови и агресивното возење, со мотоцикл кој го набави само пред неколку дена.
Деновиве пред 10 години: мото трка “Братиндол 2013“, “златни кациги“ за Борче Костов и Никола Гулевски од ЛТД (фотогалерија)
More from БитолаMore posts in Битола »
- Деновиве пред 10 години: отворен вино бар “Буре“ во Битола (фотогалерија)
- Битолчани се израдуваа Еурофарм Пелистер освои бод голем како планина (фотогалерија)
- Бутката за “компирчињата“ која беше на Широк Сокак, кај Османлијата, во Битола замина во историјата (фото)
- Деновиве пред 10 години: осветено црквичето “Св. Ѓорѓи“ во Старски дом во Битола (фото)
- На патеката на славните во Битола откриени три нови златни ѕвезди (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- СВР Битола: малолетно девојче е едно од двете лица кои се каснати од кучиња скитници,
- Студенти од петта студиска година на Архитектонскиот факултет од Скопје во Општина Битола
- Пешевски го најави денешниот натревар од ЛП, Еурофарм Пелистер – Висла
- Во Битола променливо облачно со сончеви периоди, температурата до 24 степени
- Кадетите од будо-центарот Пелистер први на Меѓународниот турнир во аикибудо во Лозница, освоија и три златни медали (фото)