На 15.10.2023 во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола во соработка со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при МВР лишиле од слобода 42 годишник и 30 годишна жена, двајцата од Битола.
При претрес во домот на прво приведеното лице извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени нож и други предмети со остатоци од дрога и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. Додека, при претрес во домот на приведената, извршен исто така со судска наредба, биле пронајдени одземени кокаин, грутчеста материја, куршуми и пари во различни апоени и валути за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.
Двајцата биле задржани во полициска станица и по документирање на случајот, до Основното јавно обвинителство Битола, против нив е поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.