Пелистер – Штип 87:92
Кошаркарите на Пелистер вечерва на домашен терен во Битола во спортската сала “Боро Чурлевски“ се поразени откако загубија од новајлијата Штип со резултат 87:92 во натпреварот од 6. коло во македонската Суперлига. 
Битолчани имаа водтво само на стартот на натпреварот од 2:0, а потоа штипјани имаа водство кој достигна во еден момент на играта и од плус 16 поени, а потоа голем пресврт, па дури и поведе со 87:86, но успеа да дојде до важна победа.
Првата четвртина после 5 минути беше 10:10, на 90 секунди до крајот на првиот дел беше 18:18, а по десет минути игра Штип имаше +3 поени (21:24). Втората четвртина започна во знак на Штип и после 2,5 минути имаше +8 (21:29). На средина на вториот квартал Шрим имаше +11, а на одмор се замина со резултат 38:48.
По одморот, во третата четвртина остана разликата од десетина минути, а после четири минути игра Птип ја имаше најголемата предност од 16 поени (41:57). Потоа следуваше добра игра на Пелистер и во завршната четвртина Пелистер влезе само со шест поени минус, 60:67. Последната четвртина започна со поени за Штип, а првото водство Пелистер го имаше на 44 секунди пред крајот 87:86. Сепак, кога требаше да го зададе последниот удар, гостите од Штип ги искористија грешките на домаќинот, направија завршен налет и победија со конечни 87:92.
И на оваа средба најефиксен кај Пелистер беше Никола Кочовиќ со 24 поени и 7 асистенции. Следува Вилсон со 17, а по 14 поени постигнаа Кирилов и Димитриев.
За Пелистер ова е четврти пораз сезонава и е пласиран на 7. место со 8 бода, колку што имаат уште Куманово, Струмица и Штип.
Сашо Ристевски
Линк за фотогалерија: https://www.facebook.com/photo?fbid=1772371041268381&set=pcb.1772372627934889










