Press "Enter" to skip to content

Во Битола одбележан меѓународниот ден на слепите лица (фотогалерија)

-Ресторанот “Премиер Центар“ во Битола го промовира менито од ресторанот изработено на брајева азбука.

Со “Марш на надежта“, во организација на Лајонс клубовите од Битола, слепите лица од Битола, го одбележаа Меѓународниот ден на белиот стап.Претставниците на Здружението на слепи лица, се заблагодарија за соработката со локалната самоуправа, нагласувајќи дека се надеваат на поголема државна помош во однос на обезбедување на потребните помагала.Градоначалникот Тони Коњановски, нагласи дека, Општина Битола, продолжува во континуитет со поддршка за слепите лица, во насока на олеснување на нивното секојдневие, како и овозможување соодветен пристап до сите значајни објекти во градот.-Нашата грижа, како локална самоуправа за слепите лица и лицата со оштетен вид е секојдневна и се реализира низ повеќе програми, а посебно низ Програмата за социјална заштита. Една од активностите кои се реализирани преку програмата за социјална заштита во последната година е и создавање на услови за пристапност и до самата општина, а со тоа и до општинските услуги преку поставување на 25 табли во општинската зграда сите напишани со Брајово писмо со што во голема мера ќе се олесни пристапот за граѓаните кои имаат оштетен вид, а на тој начин ќе можат самите со доаѓање во општината да се упатат на вистинското место и навремено да ги завршат потребните работи, со нивно директно присуство во институцијата и лесна пристапност до одговорните службеници.Наташа Грамосли од Лајонс клубот Кабадаја кои се организатори на настанот рече:-Денес во соработка со здружението за слепи Лајонс клубот Кабадаја го одбележа меѓународниот ден на слепите Белиот стап. Настанот беше подржан и од лајонс клубовите Хераклеа и Битола. Нашата цел е да се поттикне свеста, но и дс се помогне на слепите и слабовидите лица локално ниво. Настанот се одржа со марш по Шорок Сокак, кој продолжи во ресторанот “Премиер Центар“ на дружење каде беше и промовирано менито од ресторанот изработено на брајева азбука. Исто така Лајонс клубот Кабадаја во наредниот период ќе испечати менија и од други локали и ресторани од градот.Преку проектот општествено корисна работа е ангажирано лице едукатор на Брајово писмо со цел подобрување на образованието на слепите лица со што лицата кои покасно го загубиле видот и немале можност да се образоваат во специјално училиште за слепи лица им нудиме можност да го научат Брајовото писмо и стекнување на одредени вештини, кои ќе им помогнат во нивно осамостојување.Исто така преку активноста Адаптација на физичка пристапност за лица со попреченост во домот на лицата, лицата со проблеми со вид, слепите лица имаат можност за финансиска поддршка со цел адаптација на физичката пристапност во нивниот дом преку покривање на дел или целосно на трошоците за адаптација како и опрема адаптирана за лица со попреченост согласно нивната попреченост како би се олеснало нивното функционирање во сопствениот дом.Обезбедено е и користење на бесплатен градски превоз како и поддршка во превоз на спортски настани на кои учествуваат членовите на Здружение на слепи лица како и поддршка преку обуки за лични асистенти како би се зголемил бројот на лични асистенти за да бидат остварени потребите на сите лица.Деновиве се поставуваат и 10 алатки со Брајово писмо за лица со попреченост, како туристичка сигналитика на локациите: Саат кула, Св. Димитрија, Католичка црква, Јени џамија, Исак Џамија, Безистен, Офицерски Дом, Кино Манаки, Музеј и Хераклеа. Овие алатки, беа изработени, како дел од проектот насловен „Алтернативно туристичко искуство – алтернативно патување“, кофинансиран од Програмата за прекугранична соработка со Грција, а реализиран од страна на здружението на лица со телесен инвалидитет на Битола, Демир Хисар и Ресен – МОБИЛНОСТ Битола и Фондацијата за нови технологии, иновации и трансфер на знаење ГАУС Институт – Битола. 

More from ВестиMore posts in Вести »