Press "Enter" to skip to content

Голема полициска акција во Битола, приведени се 11 лица, најдена е дрога, оружје и пари

На 24.10.2023 во периодот од 05:50 часот до 13:30 часот на подрачјето на Битола криминалистичката полиција на СВР Битола изврши  11 претреси на домови и други простории заради сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 и  чл.396 од КЗ, информира портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова. Во претресите се пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага, дробилка,  прашкаста материја, предмети со траги од прашкаста материја,  два пиштола, пет куршуми и над 20.000 евра.

При тоа, лишени се од слобода 11 лица на возраст од 40, 42, 43, 23, 43, 35, 31, 47, 28, 20, 22 и 31 година сите од Битола.

По документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни пријави.

More from ВестиMore posts in Вести »