Press "Enter" to skip to content

Приведен разбојник во Битола, одземеното вратено на сопственичката

-На 02.11.2023 во 18.00 часот во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола лишиле од слобода 36 годишно лице од Битола, информира портпаролот на битолската полиција, Сања Стаматова, која додава:

-Тој се сомничи дека околу 10.10 часот во Битола физички  нападнал 73 годишна жена од Битола и и одзел чанта со пари.

Со судска наредба бил извршен претрес во неговиот дом во Битола, при што било пронајдено одземеното и било вратено на сопственичката.

Лицето било приведено и задржано во полициска станица и во службен разговор го признал делото.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

 
 

 

 

 

More from ВестиMore posts in Вести »