Press "Enter" to skip to content

Кривични пријави за две лица, изнеле марихуана од фабриката за канабис во Кравари

Криминалистичката полиција на СВР Битола поднесе кривична пријава против две лица на возраст од 38 и 34 години, двајцата од Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Тие се сомничат дека на 16.03.2023 од фабрика за производство на канабис за медицински цели во село Кравари, битолско,  во која првопријавениот бил управител, со патничко возило изнеле марихуана.

При извршен претрес во фабриката, пак, било констатирано дека во сефот имало вреќи со вкупно 70 килограми марихуана со различна тежина.

More from ВестиMore posts in Вести »