Во Кугланата во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола во соработка со Кугларската Федерација на Република Северна Македонија, организираше натпревари во куглање за студентите, наставниот и адмнинистративен кадар на Универзитетот.Пред почетокот на натпреварите, на присутните им се обрати ректорот на УКЛО, проф. д-р Игор Неделковски, којшто нагласи дека куглањето за првпат се организира на УКЛО и целта е, во текот на пролетниот дел наредната година, да се организира систем на натпревари, за студентите на УКЛО, со намера за проширување и на државно ниво.
Натпреварите ги следеше и проректорката за студентски работи, проф. д-р Јасмина Буневска – Талевска. За најдобрите поединици по завршувањето на официјалниот дел од натпреварувањето беа додели дипломи и благодарници.
Најуспешни куглари меѓу студентите беа Кристијан Саламовски од Ветеринарниот факултет – Битола, Емилија Соклевска, од ФИКТ – Битола и Кристијан Велјановски, ФБТН – Битола.
Во категоријата наставен и административен кадар најдобро се пласираа: Бојан Михајловски од Ректорат на УКЛО, Јосиф Петровски, професор од Педагошкиот факултет – Битола и Васко Сиваков, од Ректоратот на УКЛО.
УКЛО продолжува со организација на спортски натпревари во шах, пинг-понг и пикадо.

Одржани први универзитетски натпревари во куглање на УКЛО Битола (фото)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Научен собир на МНД Битола посветен на 1140 години од смртта на Св. Методиј
- “Трчај бе“ и атлетска федерација на Македонија донираа спортски реквизити пред “Мини трчај бе“
- Еурофарм Пелистер со победа над Бутел ја затвори сезоната пред публиката во Битола (фотогалерија)
- ЈП “Паркинзи“ Битола: да не се паркираат возила на зона А4 кај Саат кулата од 7 до 15,30 часот
- Се асфалтираат пет краци на улица “Буковски мост“
More from СпортMore posts in Спорт »
- “Трчај бе“ и атлетска федерација на Македонија донираа спортски реквизити пред “Мини трчај бе“
- Еурофарм Пелистер со победа над Бутел ја затвори сезоната пред публиката во Битола (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер 2 првак, Битола повторно ќе има два супер лигаши (фотогалерија)
- Пелистер Волеј на дводневна турнеја во Врање, Србија
- Пионерите на Еурофарм Пелистер 2 поразени од Охрид во финалето (фотогалерија)