Press "Enter" to skip to content

Во Битола променливо облачно, попладне ќе има врнежи од дожд

Денес, петок, 17 ноември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до засилен ветер од јужен правец. Попладне ќе има врнежи од дожд и ќе започне да дува засилен северен ветер. Температурата во Битола до 14 степени.

Утре, сабота, 18 ноември во Битола, според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи времето ќе биде променливо облачно и студено со засилен, повремено силен ветер од северен правец. Температурата во Битола до 9 степени.