Здружението за македонско-германско пријателство и соработка Битола, донираше книги на германски и македонски јазик во ОУ “Елпида Караманди“ Битола.
-Подарените книги ќе бидат наменети за формирање на германско катче, односно “Мини германска библиотека“ со што учениците ќе имаат дополнителна можност да ги развиваат јазичните вештини како и љубовта кон германскиот јазик, истакна наставничката по германски јазик Билјана Митковска, и се заблагодари за соработката и поддршката која ја имаат од ЗМГПС Битола.
[ngg src=”galleries” ids=”1741″ display=”basic_thumbnail” override_thumbnail_settings=”1″]






