Press "Enter" to skip to content

Рутинска побена на Еурофарм Пелистер против Бутел во Скопје

Бутел  – Еурофарм Пелистер 30:32 (13:13)

Спортска сала „Антон Димитров“ – Скопје, гледачи: 300
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски

Бутел Скопје: А. Стојановски, Блажевски, Андревски 2, Пејковски, Т. Стојановски 1, Ѓеоргиевски 3, Николов 8, Крстевски 6, Спасовски 5, Каевски, Јефтиќ 2, Василевски 2, Михајловиќ 1, Цветковски, Зентовски, Давитковски

Еурофарм Пелистер: Гедбан 1, Кизиќ, Цехте, Тајник 1, Борзаш, Танкоски 1, Радивојевиќ 2, Кузмановски 4, Петровиќ 8, Костески 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Васиљев 1, Ѓорговски 5, Пешевски 5, Сери, Пав. Атанасијевиќ 1

Еурофарм Пелистер во групата “Б“ на Суперлигата во рамките на 12. коло ја победи екипата на Бутел со резултат 30:32, полувреме 13:13 по добро одиграното второ полувреме.

Бутел натпреварот го отвори добро, а во 10. минута имаше +3. Битолчани израмнија на 8:8 во 20. минута, а се играше гол за гол до крајот на првиот дел за реми 13:13. 

“Пелистерци“ првпат поведоа на стартот на вториот дел 13:15. Во 42. минута беше 18:22 за Еурофарм Пелистер. До крајот на натпреварот “пелистерци“ примија само 7 гола, а тоа беше клучот за победата. 

Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Петровиќ со осум и Ѓорговски и Пешевски со по пет гола.

More from ВестиMore posts in Вести »