Press "Enter" to skip to content

Жарко Пешевски: македонските играчи ќе преземат поголема одговорност

Капитенот на Еурофарм Пелистер од Битола Жарко Пешевски, зборуваше на официјалната прес конференција која се одржа во прес центарот на клубот во спортдката сала во Битола, пред да отпатуваа за Полска, каде утре ќе го играат вториот натпревар во група од Лигата на Шампиони.

Пешевски се осврна на македонските ракометари во тимот од Битола и нивната одговорност на натпреварот против Киелце, кој ќе се игра утре, четврток од 20:45 часот, при тоа рече:

-Се подготвуваме напорно за Киелце, „ветер во грб“ ни е одличното второ полувреме кое против нив го одигравме во Битола. Пофалните зборови од Талант Душебаев ни даваат до знаење дека треба уште повеќе да „нагазиш“ и да се покажеш во уште подобро светло и на гостински терен. Доаѓањето на Филип Кузмановски ни даде елан за повеќе да веруваме. Македонските ракометари треба да преземат повеќе одговорност. Имаме Македонци кои знаат да играат во Лигата на шампионите и потпомогнати од интернационалните засилувања, време е да одиграме квалитетни шеесет минути и зошто да не се радуваше.

Киелце ќе излезе во поинаков состав во споредба со натпреварот во Битола. Тука не играа Алекс Душебаев и Сичко, верувам дека сега ќе играат. Спремаме агресивна одбрана за нив, а во напад треба да бидеме трпеливи и се надевам дека ќе бидеме изненадување. Играта „седум на шест“ секогаш ни е опција. Имаме позитива која нè краси во последниот еден месец и на добар пат сме за позитивни резултати“.

More from ВестиMore posts in Вести »