Press "Enter" to skip to content

Пелистер го победи Осогово во Битола за крај на есенскиот дел (фотогалерија)

Пелистер – Осогово 2:1 (1:1)

Фудбалерите на Пелистер оваа есенска полусезона ја завршуваат со победа на екипата на Осогово во Битола, на стадионот “Петар Милошевски“, во рамките на последното 15. коло од Втората фудбалска лига на Македонија.Екипата на Осогово по еден удар од далечина поведе со голот на Паунов во 11. минута од натпреварто, но до крајот првиот дел, по неколку не искористени шанси за гол “пелистерци“ израмнија со голот на Симеон Христов.Во второто полувреме победничкиот гол за екипата на Пелистер го постогна Бојан Спироски, кој со глава ја погоди противничката мрежа.По 15 одиграни кола, екипата на Пелистер се наоѓа на 3. место на табелата со 33 бода. Беса со 40 бода е суверен лидер во првенството, пред Детонит Плачковица кој има 35.Зад Пелистер на табелата најблизу се Арсими и Охрид со по 23 бода.

More from ВестиMore posts in Вести »