Press "Enter" to skip to content

Петар Атанасијевиќ постигнати 32 гола на еден натпревар, а како нов рекордер во Македонија заврши на раце на своите соиграчи

Денес во Битола, во рамките на првите куп натпревари младиот ракометар на Еурофарм Пелистер од Битола, Петар Атанасијевиќ постигна рекордни 32 гола на еден натпревар и со тоа испишана нов рекорд  во историјата на македонскиот ракомет.

Крилото на “пелистерци“ беше немилосрден и зад своето име запиша неверојатни 32 гола, што е апсолутен рекорд во историјата на машкиот македонскиот ракомет. Атанасијевиќ 9 гола постигна во првото полувреме, а 23 во второто полувреме.

По завршувањето на натпреварот Атанасијевиќ легна на паркетот и до него дотрчаа сите соиграчи да му честитаат, а како нов рекордер заврши на рацете на своите соиграчи.

Инаку, претходниот рекорд го држеше Златко Димитровски, кој во дресот на Тиквеш на еден натпревар постигна 31 гол. 

More from ВестиMore posts in Вести »