Денес, недела, 10 декември, во Битола според прогнозите на метеоролозите на Управата за хидрометеоролошки работи, времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Попладне и кон крајот на денот можност за локални врнежи од дожд. Температурата во Битола до 6 степени.
Утре, понеделник, 11 декември, во Битола времето ќе биде претпладне со можност за појава на магла или ниска облачност, а во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста ќе се зголемува. Ќе дува слаб јужен ветер. Температурата во Битола до 7 степени.






