Press "Enter" to skip to content

Нова првенствена победа на Пелистер Волеј во Битола, четврта по ред (фотогалерија)

Пелистер Волеј – Форца Волеј Ема 3:0

(25:09; 25:07; 25:19)

Екипата на Пелистер Волеј во рамките на 8. коло од Втората одбојарска лига на Македонија со голема леснотија ја совлада екипата на Форца Волеј Ема од Скопје, со максимални 3:0 по сетови, што воедно претставува четврта победа во низа, односно седма победа од осум натпревари.Оваа нова првенствена победа значи нови 3 бода, задржување на првата позиција на табелата со што Пелистер Волеј е на чекор од титулата есенски шампион.

За оваа победа тренерот на Пелистер Волеј, Роберт Митковски рече:-На последниот натпревар за оваа календарска година во сениорска конкуренција во Битола, видовме два сета во кои нашите девојки беа супер доминантни (25:09; 25:07) и уште еднаш покажаа дека поседуваат квалитет за повисок ранг на натпреварување, но свесни сме дека за тоа има уште долг пат и вистинските предизвици допрва доаѓаат. Во третиот сет шанса добија помлади играчи, дел од нив и од пионерската екипа на кои ова искуство за нив е од непроценливо значење, па секоја минута помината на терен и секој освоен поен е чекор поблиску од целта и големата слика која макотрпно ја градиме неколку години со повеќе генерации.

За истакнување е тоа што на овој натпревар “пелистерки“ направија само еда сервис грешка во целиот натпревар, 11 ас поени, 40 поени од напад и 2 блока.

Поените за Пелистер Волеј ги освоија: Софија Проковиќ 14, Меланија Каралиоска 10, Ивана Белокозовска 9, Мила Андоновска 7, Антонија Стојковска 4, Стефани Најдановска 4, Христина Трајчевска 3, Марија Димитровска 1 и Билјана Јаковлевска 1.

More from ВестиMore posts in Вести »