Денес во Битола директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска заедно со најблиските соработници и со раководителката на УЈП во Битола Весна Вашариќ, го посети Домот за доенчиња и мали деца и додели донација во рамки на програмата за одбележување на “Св. Матеј“ – Ден на даночните работници.
Донацијата е обезбедена преку синдикалната организација „Солидарност“, односно сите средства се обезбедени од вработените, посочи Лукаревска.
-Како општествено одговорни граѓани, но и како даночници секогаш помагаме таму каде што е најпотребно. На оваа установа се што и е неопходно, постелнини, дубаци, витамини и слично, набавивме со наши парични средства, иако мислам дека и топла насмевка им е потребна на дечињата. Во иднина ќе продолжиме со исто темпо затоа што традицијата треба да ја одржуваме и тоа го правиме во пресрет на нашиот празник, денот на даночните работници „Св. Матеј“. Горда сум што водам институција која што првенствено е општествено одговорна, истакна Лукаревска.
Управата за јавни приходи секоја година донира производи, а во ЈУ Дом за доенчиња и мали деца-Битола, по втор пат, односно во 2017 и во оваа 2023 година за што вработените на Лукаревска и доделија посебна благодарница.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, додели донација во домот за доенчиња и мали деца во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Деновиве пред 10 години: Еврејските гробишта ќе се преуредуваа во Меморијален парк на Евреите од Битола (фото)
- Бендот “КОД 369“ од Битола настапи во Македонскиот културно-информативен центар во Софија
- Еурофарм Пелистер поразен во Охрид, со многу поддршка од Битола во “Билјанини извори“(фотогалерија)
- “Муза 2“ свечено промовирана во Офицерскиот дом во Битола (фотогалерија)
- Во Битола сончево со мала до умерена облачност, температурата до 11 степени





