Синоќа пред седиштето на СДСМ во Битола во организација на Форумот на жени при СДСМ од Битола организираше новогодишен базар и новогодишен коктел.
Членките на Форумот на жени при СДСМ од Битола на новогодишните тезги донесоа и продаваа храна и новогодишни украси кои самите ги подготвија.
Се што беше изложено на базарот се продаваше, а и храната и пијалоците на новогодишниот коктел.
Собраните парични средства ќе бидат донирани за хуманитарни цели во Домот за доенчиња и мали деца во Битола, во Заводот за деца со оштетен слух и говор, и во паралелки во училиштето “Ѓорги Сугарев“ каде се школуваат децата со попречености.

Новогодишен хуманитарен базар и новогодишен коктел на СДСМ во Битола (фотогалерија)
More from ВестиMore posts in Вести »
- Стефанија Алексовска од Битола финалист на Светското првенство во куглање до 23 години во Австрија
- Коцкаро од Битола со специјално признание за авто-слаломот со историски возила
- Таму најгоре, “Лазарополе цути – 2026“ фестивал на нарцисот по 12. пат (фотогалерија)
- Еурофарм Пелистер со ново засилување, Едвин Џелиловиќ нов среден бек
- Кадетите на Пролет први, Еурофарм Пелистер третопласирани на “Ф4“ кој се одржа во Битола (фото)





